Самитот ЕУ–Западен Балкан: Што медиумите не пренесоа, а аналитичарите прескокнаа Филип Здравески 18.12.2025 / 16:01 Македонија Пратеникот од редовите на Левица, Реџеп Исмаил, направи своја анализа на Самитот ЕУ–Западен Балкан, потенцирајќи го она што медиумите не го пренесоа, а аналитичарите го прескокнаа. „Не дека до сега не беше јасно, но сега, после овој Самит кој се одржа вчера, на кој присуствуваше и премиерот Мицковски, недвосмислено стана јасно дека ЕУ ја одржува 'европската перспектива' како стратегиска неодреденост: доволно силна за да го врзе (поточно заглави) регионот институционално, но доволно нејасна за да не создаде обврска за прием. Дополнително се потврди дека билатералните спорови не се 'отстапување од правилата', туку вграден инструмент на контрола што ѝ овозможува на Унијата внатрешен мир (меѓу земјите-членки) на сметка на надворешна неправда (кон кандидатите). И тука колку и да се правиме слепи, тоа веќе и на кожа нѐ жежи. Но, она што конкретно од Самитот ниту еден медиум не го пренесе, а ниту еден од интелектуалата не го забележа (намерно или ненамерно), самитот ЕУ–Западен Балкан веќе не е само прашање на проширување. Тој јасно покажа дека Западен Балкан е поважен за геополитичката конфронтација на ЕУ со Русија отколку за самата европска интеграција. Можеби ЕУ проширувањето не е блокирано, но тоа функционира точно како што е дизајнирано: како процес без рок, со услови што растат побрзо од наградите. Всушност 'проширувањето' за ЕУ е инструмент за контрола, а не награда. Македонија и регионот се третираат како стратешки простор што треба да се усогласи, а не како рамноправни партнери. Во ваков контекст, продолжувањето со истата надворешна политика не е прагматизам, туку политичка инерција. Можеби не треба да ја напуштиме ЕУ, но мора да ја напуштиме илузијата за ЕУ. Време е конечно да ја признаеме оваа реалност и да развиеме алтернатива, без илузии“, вели пратеникот на Левица. Македонија ЕУ Левица Реџеп Исмаил Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off