East Gate Mall: Најмодерен трговски центар во регионот со светски стандарди за одржување Филип Здравески 19.12.2025 / 10:47 Македонија East Gate Mall продолжува да го поставува стандардот за тоа како треба да изгледа и функционира еден современ трговски центар. Како најголем, најмодерен и архитектонски највпечатлив центар во земјата, East Gate Mall секојдневно привлекува илјадници посетители кои очекуваат удобност и квалитет споредлив со најреномираните молови во Европа и светот. Покрај уникатната понуда, широките коридори, современиот ентериер и внимателно дизајнираните зони за посетители, East Gate Mall се издвојува и по начинот на кој го одржува целиот комплекс – според светски стандарди, со технологија што ја користат големите молови во Сингапур, Милано, Лондон и Скандинавија. За одржување на хигиена и чистота, значајна улога има Asura Group, компанија која ја воведе најсовремената генерација на автономни уредни апарати и роботи за големи површини. Меѓу нив се и напредните Gausium Scrubber машини, кои се користат на светски аеродроми и мегакомплекси, а во East Gate Mall работат секојдневно за да обезбедат конзистентен квалитет и беспрекорно чисти површини. Овие апарати функционираат по прецизно дефинирани рути, со оптимална потрошувачка на вода и хемикалии, и со целосна дигитална евиденција за нивната работа. Технологијата која Asura Group ја имплементира овозможува хигиена каква што до пред неколку години беше незамислива во големите објекти во регионот – стандарден, повторлив и мерлив квалитет, секој ден, без исклучок. East Gate Mall денес е единствениот мол во Македонија кој функционира по модел блиску до најголемите центри во светот – комбинација од иновативна архитектура, внимателно корисничко искуство и врвно одржување што гарантира удобност и сигурност за секој посетител. Со ваквите практики, East Gate Mall и понатаму останува најдобриот и најмодерниот трговски центар во земјата – место кое поставува стандарди, а не само ги следи. East Gate Mall Автор/Извор Кајгана Прикажи во метро Off