Голема полициска акција: Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во ЕСМ Дистрибуција на топлина

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани. Во рамките на акцијата уапсени се 11 лица.