Трамп: Не ја исклучувам можноста за војна со Венецуела

Трамп: Не ја исклучувам можноста за војна со Венецуела Филип Здравески 19.12.2025 / 12:47 Свет Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ја остава отворена можноста за војна со Венецуела, според интервју за NBC објавено денес. „Не ја исклучувам таквата можност“, изјави тој во телефонското интервју. Трамп, исто така, рече дека ќе има дополнителни запленувања на танкери за нафта во близина на венецуелските води, според објавеното интервју. Во вторникот, Трамп нареди „тотална блокада“ на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела, во најновиот потег на Вашингтон за зголемување на притисокот врз владата на Николас Мадуро, насочена кон нејзиниот главен извор на приходи. Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар од Reuters. Трамп, исто така, објави во вторникот дека режимот на венецуелскиот претседател Мадуро е означен како странска терористичка организација. Нафтата е главен извор на приход за Каракас. Венецуела, која е под ембарго од 2019 година, ја продава својата нафта на црниот пазар по значително пониски цени, особено на Кина. Трамп претходно го обвини режимот на Мадуро дека ја користи нафтата за финансирање на „наркотероризам, трговија со луѓе, убиства и киднапирања“. Доналд Трамп Венецуела Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off