Во Битола отворен нов Почесен конзулат на Република Австрија

Министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер, во Битола отворија нов Почесен конзулат и го промовираа битолскиот бизнисмен Игор Божиновски за нов Почесен конзул на Република Австрија. На свеченста во Битола, министерот Муцунски се заблагодари на ангажманот на австрискиот амбасадор за отворањето на почесниот конзулат во Битола, но и придонесот за одличните релации меѓу двете држави. -За мене како министер за надворешни работи најголем празник за нашата работа е кога имаме ново дипломатско конзуларно претставништво и посебно во овој град, градот на конзулите, градот кој секогаш знае да даде посебен придонес за афирмација на нашиот македонски идентитет. Се радувам што господинот Игор Божиновски е новиот почесен конзул на Република Австрија. Тој е многу успешен стопанственик, но тој е и многу голем хуманист, човек што помага и помага тивко без да очекува дека некој ќе го промовира за тоа што на луѓето им помогнал во најтешките моменти и тоа одлика на неговиот карактер која многу ќе му помогне во вршењето на неговата функција која што е не е секогаш лесна, но да се биде активен конзул е голем предизвик, истакна министерот Муцунски на свеченоста во Битола. Новиот почесен конзул на Австрија, потсети дека врската меѓу Виена и Битола е многу силна и датира од пред 170 години кога во Македонија бил отворен првиот австриски конзулат. -Австрија не влијаела само преку дипломатијата, Австрија влијаеле и преку стиот на живеење, преку трговијата, културата и архитектурата. Кога денес ќе прошетаме по Широк сокак гледаме европски фасади, уредени градски куќи и го чувствуваме духот на стариот континент во еден балкански град, а дел од тој слој е и австриско наследство. Денес кога повторно го отвораме овој конзулат, мојата амбиција не е само да ја почитуваме само историјата, туку да ја прдолжиме. Мојата амбиција е да ја зајакнеме соработката меѓу австриските и македонските компании, да се создадеме нови културни мостови и да отвориме врати на младите од Битола кон образование и искуства во Австрија, но и на младите од Австрија кон културата и менталитетот на македонскиот народ. Сакам овој конзулат да биде симбол на партнерство, практично, живо и видливо со конкретни дела, истакна почесниот австриски конзул Игор Божиновски. На свеченоста во Битола, австрискиот амбасадор Мартин Памер, на новиот почесен австриски конзул Игор Божиновски му врачи егзекватура потпишана од претседателот на Република Австрија и министерот за надворешни работи на таа држава. -Иако географски Австрија и Северна Македонија се оддалечени, сепак нашите две држави се многу блиски. Со новиот почесен конзулат очекувам дополнителен развој на бизнисот и културната соработка. Битола како во минатото така и во иднина за нас ќе биде центар на конзулската дипломатија, но и град привлечен за посети и соработки. Во конзулатот ќе имаме библиотека корисна за сите од Пелагонија и пошироко како универзитетски регион. Денеска се присетуваме на минатото, но многу повеќе гледаме на иднината за што не чека многу работа во оваа прекрасна земја, рече меѓудругото амбасадорот Памер. Отворањето на новиот почесен конзулат на Република Австрија во Битола го поздрави и градоначалникот Тони Коњановски.