ЕУ издвоила над 1,25 милијарди евра претпристапна помош за Македонија од 2007 досега

Од 2007 година досега, Северна Македонија има добиено над 1,25 милијарди евра претпристапна помош од Европската Унија што дополнително ги зацврстува партнерството и европската перспектива. Овие инвестиции претставуваат темел врз кој се градат стабилноста, институционалната зрелост и перспективите за идното членство.