Трајков: Центарот за развој на Источниот плански регион успешно ги интегрира европските искуства во регионалните и локални планирања!

Заменик-министерката за европски прашања, проф.д-р Викторија Трајков денеска во Штип присуствуваше на промоција на проектот Интегриран развој на препознатлив културен туризам во Источниот плански регион и регионот Благоевград SERENE, финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Министерството за европски прашања, како национална контакт точка во однос на Програмите на Унијата има значајна улога во процес на пристапување кон ЕУ и осигурување на резултатите од спроведените проекти дека истите ќе го оправдаат придонесот во подобрување на јавните политики на национално, регионално и локално ниво-порача пред присутните заменик-министерката за европски прашања. ,,Оваа програма за прекугранична соработка е една од подобро управуваните програми, со висок процент на искористеност на средства, за што одговорни се Министерството за локална самоуправа како и корисниците, партнери во проектите. Министерството за европски прашања, како национална контакт точка во однос на програмите на Унијата, има значајна улога во процес на пристапување кон ЕУ и осигурување на резултатите од спроведените проекти дека истите ќе го оправдаат придонесот во подобрување на јавните политики на национално, регионално и локално ниво "порача Трајков. Заменик-министерката за европски прашања рече дека Министерство за европски прашања, посветено работи на подготвување на земјава за полноправно членство во Европската Унија. Проектот SERENE, како што потенцираше е добар пример за тоа како преку меѓусоседски и европска соработка може да се зајакнат институционалните капацитети и да се даде придонес кон креирање на една поширока регионална туристичка понуда. Особено ја нагласи улогата на Центарот  за развој на Источен плански регион, кој како водечки партнер во проектот, ја потврдува подготвеноста на регионот да биде дел од европските процеси и да ги интегрира европските искуства во регионалните и локални планирања.