Добар филм и здрави грицки – совршената зимска комбинација!

За многумина зимата претставува време на смирување, на забавување на работите и опуштање, период кога поголемиот дел од времето се поминува дома и не се потребни изговори за наоѓање на добар филм и поминување на два часа стуткани под ќебе. А ниедно домашно кино не е целосно без добра филмска ужина.