Несреќа во рудник во Македонија, тешко повреден маж

На 18.12.2025 во 12:00 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Т.М.(55) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во пробиштипско. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.