Маж претепан во Гази Баба, неколку лица го удирале со тврд предмет

На 18.12.2025 во 10:30 часот во СВР Скопје, Б.С.(49) од скопско, пријави дека на 17.12.2025  околу 22:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.