Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општината Бутел, а утре делови од општината Чаир, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД. Од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Љубанци, поточно делот кон Црквата „Св.Јован“ во општина Бутел. Од РЦУК посочуваат дека утре без електрична енергија од 8 до 13 часот ќе бидат корисниците од дел од ул.„Џон Кенеди“, (корисниците во околината на Веро маркет) и дел од ул.„Кемал Сејфула“ (корисниците во близина на стадионот) во општина Чаир.