Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа

Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа Александра Спасеска 20.12.2025 / 10:33 Македонија Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух. Доколку се следат податоците од апликациите кои ја мерат загаденоста на воздухот, Скопје и утрово е град со многу висока загаденост. Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13°C, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8°C. До вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР. загаден воздух временска прогноза Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On