Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи 25. Меморијален турнир во мал фудбал, кој се одржува во чест на загинатите припадници на Армијата во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година. На турнирот ќе настапат екипи од Армијата, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи. На отворањето на турнирот ќе се обратат министрите за одбрана и за внатрешни работи Владо Мисајловски и Панче Тошковски и претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001-2015“, Владо Стојановски. Меморијалниот турнир оваа година е во ко-организација на Министерството за одбрана и Здружението на загинати припадници на вооружените сили на Македонија – „Херои на Македонија 2001-2015“.