На британскиот тешкаш Ентони Џошуа му беа потребни шест рунди за да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол, во меч кој уште од самиот почеток беше најавуван како еден од најнерамноправните во историјата на боксот. Пол најголемиот дел од борбата го помина избегнувајќи директен судир, но на крајот сепак потклекна пред силата на двократниот светски шампион.