Здружението Културен манифест, со поддршка на општина Крушево, неформална група на граѓани, Локален младински совет и многу компании од вечер до 6 јануари го организираат настанот „Празничен шепот на крушевската чаршија“. Настанот почнува со музичко сценска изведба во 18 часот, по што ќе следи осветлувањето на крушевската чаршија, отворање на Новогодишен базар и пристигнување на Дедо Мраз. Предвиден е и настап на бендот „Балкан Џем“. Иницијативата за настанот е од поединци и неформална група граѓани со цел да се збогати понудата на Крушево за овој период од годината. Во рамки на настанот, кој ќе трае до 6 јануари, ќе има богата програма.