Боки 13 ја вознемирувал Рускоска, таа го пријави во полиција

Боки 13 ја вознемирувал Рускоска, таа го пријави во полиција Александра Спасеска 20.12.2025 / 12:06 Македонија Поранешната обвинителка Вилма Рускоска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување. Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, додека бил во живо вклучување на YouTube повеќепати телефонски ја контактирал Рускоска, и покрај нејзиното одбивање на повиците. Од снимката што циркулира на социјалните мрежи може да се види дека разговорот бил проследен со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Рускоска во еден момент го предупредила дека доколку продолжи со повиците, ќе го пријави во полиција, по што повиците сепак продолжиле. Од Министерството за внатрешни работи за медиумите ја потврдија пријавата и информираа дека работат на расчистување на случајот. Вилма Рускоска Бојан Јовановски Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On