Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Скопје-Велес-Неготино-Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има на Буково-Ѓавато-Ресен и Дебар. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.