Жена нападнала скопјанка во кафеана, па била истепана од својот сопруг

На 19.12.2025 во 12:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект во Скопје, И.Ј.(32) физички ја нападнала М.Н.Д.(30), двете од Скопје. Исто така, во 13:00 часот е пријавено дека пред истиот угостителски објект, И.Ј. била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Ј. (29) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.