Мбапе израмни рекорд на Роналдо

Мбапе израмни рекорд на Роналдо Александра Спасеска 21.12.2025 / 13:21 Фудбал Фудбалерите на Реал ја победија Севилја со 2:0 во 18-то коло од Ла Лига, а Килјан Мбапе успеа да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо во дресот на „Кралскиот клуб“ во една календарска година. Французинот, во финишот на натпреварот постигна гол од пенал, го постигна 59-от гол во 2025 година. Хуанлу претходно направи прекршок врз Родриго. Мбапе постигна гол од пенал, а го прослави во стилот на својот идол Кристијано Роналдо. Екипата на Чаби Алонсо поведе во 38-та минута преку Белингам, потоа ја презеде иницијативата, и откако Маркао мораше да го онапушти теренот, поради втроиот жолт картон, вратата кон победата на Реал му беше широко отворена. Реал со натпревар повеќе има бод помалку од Барселона, додека Севилја е девета со 20 поени. Килјан Мбапе Реал Мадрид Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On