Премиерот Еди Рама објави дека платформата за социјално вмрежување ТикТок повторно ќе биде достапна во Албанија. Тој, во интервју за Политико, откри дека Владата постигнала партнерство со платформата и наскоро ќе ги претстави новите мерки за заштита на албанската јавност. Задоволни сме од резултатот. Го направивме партнерството и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го откриеме планот пред албанскиот народ, како што ветивме, изјави Рама. Владата на Албанија го забрани ТикТок пред една година, кога објави на платформата предизвикаа кавга помеѓу млади лица, при што беше убиено со нож 14-годишно момче. (МИА)