Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд Александра Спасеска 22.12.2025 / 08:14 Свет Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги промовира интересите на нашата земја во безбедноста, заштитата и опстанокот на нашите сојузници и светот“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social. Белата куќа и претставниците на Ландри не одговорија веднаш на барањата за коментар, објави Reuters. Кој е Џеф Ландри? Џеф Ландри е американски политичар од редовите на Републиканската партија и актуелен гувернер на сојузната држава Луизијана. Претходно, тој беше државен обвинител на таа сојузна држава со години, а беше и конгресмен во Претставничкиот дом на САД. Тој е национално препознатлив пред сè како еден од најтврдокорните конзервативци на југот на земјата. Ландри се прослави политички преку теми како што се силното противење на абортусот, отфрлањето на федералните регулаторни овластувања, отпорот кон климатските политики и нагласувањето на „законот и редот“. Тој го поддржуваше Трамп дури и по изборите во 2020 година и учествуваше во правни и политички иницијативи со кои републиканците ги оспорија потезите на администрацијата на Бајден. Трамп јавно го поддржа во трката за гувернер. САД Гренланд Џеф Ландри Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On