Најмалку 16 луѓе загинаа при превртување на патнички автобус на индонезискиот остров Јава, соопштија денеска локалните власти. Возачот на автобусот во кој имало 34 патници изгубил контрола и удрил во бетонска ограда пред да се преврти на страна, изјави шефот на Агенцијата за потрага и спасување. Автобусот се движел од главниот град Џакарта до древниот кралски град Јогјакарта, а се превртел кај градот Семаранг во централна Јава. Полицијата и спасувачките екипи пристигнале на лице место околу 40 минути по несреќата и ги пронашле телата на шест патници кои починале на самото место. Уште десет луѓе починале на пат кон болница или додека им била укажувана помош. Од 18-те повредени кои биле пренесени во две блиски болници, пет лица се во критична состојба, а 13 во тешка состојба. Очевидци рекле дека автобусот се движел со голема брзина пред возачот да изгуби контрола над возилото, изјави шефот на полицијата на Централна Јава, Рибут Хари Вибово. Тој кажа дека причината за несреќата сè уште се истражува.