СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку организирана и добро осмислена шема во ЕСМ, во 2023 година биле испрани околу 2 милиони евра, преку наместен јавен тендер во вкупна вредност од 8 милиони евра. Наместо јавната набавка да биде транспарентна, конкурентна и во интерес на јавноста, во постапката биле вклучени две правни лица  едно од Скопје и едно од Куманово. Но нивните улоги биле јасно дефинирани уште пред самиот почеток. Кумановската фирма била вметната само за да се создаде привид на конкуренција и да не изгледа дека скопската фирма е единствениот понудувач. Фирмата од Куманово, која формално требало да игра улога на конкуренција, доставила непотполна документација и понуда со цена повисока од претходно проценетата вредност. Од друга страна фирмата од Скопје понудила цена која речиси целосно се поклопувала со проценетата вредност иако таа вредност воопшто не била јавно објавена во огласот. По завршувањето на постапката, со цел да се замагли трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале финансиски средства во износ од околу 2 милиони евра  што претставува јасна основа за сомнение за кривично дело перење пари. Ова не е изолиран случај, туку само една од многуте шеми на наместени тендери што функционираа за време на СДС и ДУИ. Ниту едните ниту другите не се оградија и не се дистанцираа, ниту пак преземаа некаква одговорност туку само продолжуваат да го релативизираат и штитат криминалот.“