Првата црна Британка ДА ТИ БИЛА БЕЛА

Скелетот бил пронајден во југоисточна Англија некаде кон средината на дваесеттиот век и почивал недопрен во кутија со натпис „Бичи Хед (1959)“ во збирките на Градското собрание на Истборн сè до 2012 година, кога научници и медиуми кренаа голема дебата за историското потекло. Со користење на најсовремени ДНК техники и новообјавени геноми, бевме во можност да го утврдиме потеклото на жената од Бичи Хед со многу поголема прецизност отколку порано. Докажaвме дека таа носи генетско потекло кое е најслично на локалното население на Британија од римската ера, вели Вилијам Марш, археогенетичар во Природонаучниот музеј во Лондон, кој ја спроведе новата анализа. Во 2016 година, во серијата на ББЦ: „Црнци и Британци: Заборавена историја“ се сугерираше дека жената потекнува од Супсахарска Африка. Беше прикажана реконструкција на нејзините црти на лицето, со темна кожа, коса и очи. Професорот Дејвид Олусога ја претстави како доказ за „историските врски на Британија со африканските народи“, а археологот Џо Симан ја прогласи за „веројатно најраниот црн Британец“. На археолошкиот локалитет во Бичи Хед беше поставена плоча со која се одбележуваше почетокот на „црната историја на Англија“. Но, плочата беше отстранета во 2017 година, откако првичната анализа на ДНК укажа дека жената всушност потекнува од медитеранскиот регион, веројатно од Кипар. Нова ДНК анализа на скелетот од научници од Природонаучниот музеј покажа дека жената потекнува од јужна Англија и била бела, со руса коса и светли очи. Радиојаглеродното датирање покажа дека починала некаде помеѓу 129 и 311 година од нашата ера, што одговара на времето кога Британија била под Римјаните.