Состојки: 1кг брашно 500 мл топло млеко 2 жолчки 1 цело јајце 40 грама свеж квасец 2 лажички шеќер 1 лажичка сол 100 мл масло ФИЛ: 250 грама маргарин 1 јајце џем, мармалад, крем Подготовка: Загрејте го малку млекото, потоа додадете го квасецот, шеќерот и 1 лажица брашно и оставете го 10 минути на топло место. Истурете околу 200 грама брашно во длабок сад, додадете сол и измешајте со дрвена лажица, додадете 2 жолчки и едно јајце и добро измешајте сè, додадете масло и ферментиран квасец и добро измешајте со дрвена лажица и полека додадете брашно и месете. Месете додека не се појават меурчиња на тестото. Оставете го на топло место да отстои околу еден час. Кога тестото ќе нарасне, месете го и поделете го на 6 топчиња. Оставете ги топчињата да отстојат околу 15 минути.Секое топче развлечете го со сукало (ако тестото малку се лепи, набрашнете го сукалото и тестото). Поделете го маргаринот на 6 дела и изрендајте го подеднакво на секое тесто, и редедете ги едно врз друго. Расукајте кора, превиткајте ја со рацете и оставете ја настрана да отстои 15 минути. Кога тестото ќе се одмори, расукајте го и исечете го на 8 дела. Ставете го филот по желба и извиткајте ги кроасаните. Изматете едно јајце во мал сад и премачкајте го секој кроасан потоа наредете ги во плех на хартија за печење. Печете ги во претходно загреана рерна на 220 степени додека не добијат златно-кафеава боја. Наросете по желба шеќер во прав