Volkswagen прв во Европа почна да произведува сопствени батерии за ЕВ Александра Спасеска 22.12.2025 / 11:01 Авто новости Volkswagen е првиот европски производител на автомобили со сопствен развој и производство на батерии. Минатата среда Volkswagen официјално го започна сопственото производство на батерии за автомобили, во првата фабрика на подружницата PowerCo. Фабриката во Залцгитер, во централна Германија, е изградена на местото на објектот за производство на мотори на Volkswagen. Концернот инвестираше повеќе од една милијарда евра во тој објект од почетокот на работата во 2022 година. Volkswagen планира ист модел за уште две фабрики за батерии, во Валенсија и Сент Томас. Почетокот на производството во тие две фабрики е закажан за следната година во Шпанија, односно во 2027 година во Канада, пишува dpa. Извршниот директор на Volkswagen, Оливер Блуме, ја опиша новата фабрика како клучен елемент од стратегијата на концернот, нагласувајќи дека Volkswagen е првиот европски производител на автомобили со сопствен развој и производство на батерии. Според него, ова ја зајакнува позицијата и независноста на Volkswagen во глобалната конкуренција. Обемот на производство во Залцгитер првично е ограничен на само неколку стотици батерии дневно, но целниот годишен капацитет треба да биде доволен за околу 250.000 електрични возила. Батериските ќелии од новата фабрика ќе бидат инсталирани во новите електрични градски автомобили VW ID. Polo и Cupra Raval, чија презентација е планирана следната година во Шпанија. Volkswagen електрични автомобили Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On