Скопје ја води Атина со 260:1. Ова е резултатот на сообраќајни прекршоци „фатени“ од пилот проектите на Безбеден град (safe city) во двете соседски престолнини. Имено, во Атина за 4 дена се регистрирани само 2.000 прекршоци, во Скопје се регистрираа 65.000 за само 12 часа. Помножено со 8 (96 наспрема 12 часа) резултатот е „поразителен“ за Атина. Скопје ја води со 260 наспрема еден. За четири дена, пилот-системот со поставени осум паметни камери на осум централни булевари во областа Атика, поширокиот регион на Атина, регистрирале над 2.000 сообраќајни прекршоци, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од Министерството за дигитално управување на Грција што ги пренесуваат грчките медиуми, над 1.000 прекршоци се однесуваат на употреба на мобилен телефон и неносење појас, околу 800 се за возење со поголема брзина од дозволените 90 километри на час, а 480 за поминување на црвено светло. Минатата седмица во осум области со висок ризик во Атика, по предлог на грчката полиција беа поставени првите камери со вештачка интелигенција, а мрежата се очекува да достигне до 2.500 паметни камери, од кои 500 ќе бидат поставени на автобуси од јавниот превоз.Камерите ќе регистрираат сообраќајни прекршоци како што се поминување на црвено светло, пребрзо возење, некористење на појас, користење мобилен телефон при возење, како и возење во лентите за итни случаи. На први декември, Лењто Господово 2025-то, кога стартуваше Безбеден гард во Скопје, во првите 12 часа од пробното функционирање на системот „Безбеден град“ (Safe City) се регистрирани неверојатни 65.000 сообраќајни прекршоци, меѓу кои 2.800 за минување на црвено светло и 1.000 за нерегистрирани автомобили, соопшти МВР. Инаку, најпоразително е што Атина има население од скоро две МАКЕДОНИИ (3,7 милиони жители), а Скопје помалку од 700.000. Разликата е повеќе од 5 наспрема еден. Значи, резултатот не е 260:1, туку 1300: 1.