Мисајловски: Одбраната во 2026 ќе располага со 358 милиони евра, што е 8,4 отсто повеќе од годинава, а само во модернизацијата ќе се вложат 116 милиони евра

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешниот годишен брифинг со акредитираните одбранбени аташеа најави дека 2026 ќе биде година на забрзана модернизација и значително зајакнување на одбранбените капацитети. Тој оцени дека Армијата во изминатата година напредувала со забрзано темпо во интероперабилноста, обуката и опремувањето, а дека државата влегува во период со јасно дефинирани цели, стабилно финансирање и засилени ...