Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Националниот парк „Маврово“, Мухамед Али и Харис Ибрахими, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на институционалната координација во управувањето со ризици. Меморандумот, како што информираат од ЦУК, опфаќа соработка во раното предупредување и превенција од пожари, заштита на националното природно богатство, како и координирано дејствување и размена на информации при кризни состојби. -Со овој чин се нагласува дека заштитата и превенцијата на националните паркови се меѓу врвните приоритети на директорот на Центарот за управување со кризи, со цел нивно трајно зачувување како национално богатство од особено значење за државата и идните генерации, велат од ЦУК.