Осум откажани летови на аеродромот во Скопје, еден е пренасочен Филип Здравески 22.12.2025 / 15:05 Македонија Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се 8, а еден е пренасочен, соопшти ТАВ Македонија. „Од 20:00 часот, вчера, 21 декември 2025 година до 12:00 часот напладне денеска, 22 декември 2025 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна откажани се следниве 3 лета во пристигнување Белград, Истанбул, Истанбул-Сабиха Ѓокчен (презакажан за 23.12.2205). Пренасочен е еден лет во пристигнување: Франкфурт-Хан. Откажани се следниве 5 лета во заминување: Цирих, Белград, Атина, Истанбул, Истанбул-Сабиха Ѓокчен (презакажан за 23.12.2205)“, се наведува во соопштението. Сите останати, 27 летови слетаа и полетаа, односно пристигнаа и заминаа согласно планираниот ред на летање. „Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија согласно своите интерни процедури има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, повторно апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанија со која треба да патуваат“, се наведува во соопштението. ТАВ известува дека сите капацитети на Меѓународниот еаеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај. Промените во редовниот распоред на летање се ажурираат на веб-страница во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што стигнуваат од авиокомпаниите. Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333. аеродром Скопје Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off