[ВИДЕО] „Леброн Џејмс на „Excel“ табелите“: Ирец освои светска титула во „Microsoft Excel“ и награда од 60.000 долари

Ирецот Диармуд Ерли се појави во арената „HyperX“ во Лас Вегас под силни рефлектори, драматична музика и фанфари достојни за секое големо спортско финале. Само што овојпат, наместо топка, алатката беа тастатурата и глушецот, а теренот – скромна десктоп-конфигурација.