Елмас и Наполи го освоија Супер купот на Италија

Екипата на Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои Супер купот на Италија. Во финалето што се играше во Ријад, Саудиска Арабија ја совладаа Болоња со 2:0. Стрелец на двата гола беше Давид Нерес во 34.минута и во 57.минута. Елмас беше дел од стартните единаесет на овој натпревар, а на теренот мина 68.минути. За Наполи кој има четири шампионски пехари, ова беше трет освоен Супер куп.  (МИА)