Делови од Карпош и Центар денеска без вода Филип Здравески 23.12.2025 / 08:07 Македонија Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска: · Поради промена на вентил ф-2 мм на крстосницата ул. „Октомвриска Револуција“ со бул. „Партизански Одреди“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зграда 10, 12 и 14 на ул. „Октомвриска Револуција“ и дел од бул. „Партизански Одреди“ (потегот од ул. „Никола Тесла“ до „Октомвриска Револуција“). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот. (Општина Карпош) · Поради водоводен приклучок од ф-100 мм на ул. „Наум Наумовски-Борче“ бр. 63, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. „Наум Наумовски-Борче“ бр. 63. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување. (Општина Центар) Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off