Дваесет и осум луѓе киднапирани во Нигерија

Дваесет и осум луѓе, меѓу кои деца и жени, синоќа се киднапирани во централна Нигерија. Киднапираните патувале на прослава на муслиманскиот фестивал Мавлида, во сојузната нигериска држава Платеа. Киднапирањето се случи истиот ден кога се ослободени 130 ученици од заложништво. Тие се последните ослободени од групата 250 деца што беа земени како заложници од католичко училиште во северниот дел на Нигерија. ОН предупреди за „повторно појавување на масовните киднапирања“ во Нигерија. Едно од првите масовни киднапирања што привлече меѓународно внимание се случи во 2014 година, кога џихадистите од Боко Харам киднапираа речиси 300 девојчиња од нивниот интернат во североисточниот град Чибок, барајќи откуп за нивно ослободување.