Јокиќ лесно излезе на крај со Нуркиќ и го запиша 14-тиот трипл-дабл сезонава

Јокиќ лесно излезе на крај со Нуркиќ и го запиша 14-тиот трипл-дабл сезонава НБА 2025/2026 Филип Здравески 23.12.2025 / 08:51 Кошарка Денвер Нагетс лесно ја победи Јута Џез со 135:112 иако Никола Јокиќ играше без многу труд практично цело време. Јокиќ го заврши натпреварот со својот 14-ти трипл-дабл во сезоната, остварен со 14 поени, 13 скокови и 13 асистенции, а со него на паркетот, Денвер направи разлика од 22 поена против „Џезерите“. Вреди да се напомене и дека Јокиќ промаши само два шута од игра (5/7), имаше 3 блокади, 2 украдени топки и само 2 прекршока. Сето ова го направи за 28 минути на теренот, а неговите услуги повеќе не беа потребни, бидејќи Нагетс успеа да го одржи водството дури и без него. Remote video URL Водечки стрелец во тимот ан Јокиќ беше Џамал ​​Мареј со 27 поени, Тим Хардавеј додаде 21, Пејтон Вотсон и Кем Џонсон имаа по 20, а Брус Браун додаде 15. Двоцифрен беше уште и Валанчиунас со 12 поени и 11 скокови. Значи, не се памти натпревар во кој Јокиќ бил дури петти стрелец кај Денвер. На спротивната страна беше босанскиот репрезентативец Јусуф Нуркиќ. Постигна дабл-дабл со 17 поени и 14 скокови, додавајќи и 6 асистенции, но за 35 минути на паркетот и со негатива од 31 поен. Најмногу се мачеше кога мораше да го чува својот поранешен соиграч Никола Јокиќ. Беше трет најдобар стрелец во тимот, зад Лаури Марканен со 27 и Кијонте Џорџ со 20. Remote video URL Резултати: Кливленд Кавалирс - Шарлот Хорнетс 139:132 Бостон Селтикс - Индијана Пејсерс 103:95 Њу Орлеанс Пеликанс - Далас Маверикс 119:113 Денвер Нагетс - Јута Џез 135:112 Оклахома Сити Тандер - Мемфис Гризлис 119:103 Голден Стејт Вориорс - Орландо Меџик 120:97 Портланд Треил Блејзерс - Детроит Пистонс 102:110 Табела: Никола Јокиќ Јусуф Нуркиќ Денвер Нагетс НБА Јута Џез Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On