Бомбици од бадеми

Состојки: 500 гр урми без семки 150 гр мелени бадеми 100 гр шеќер 100 гр мелени посни бисквити 1 кесичка цимет За декорација: 50 гр сечкани бадеми Подготовка: Исечкајте ги урмите и потопете ги во топла вода 5 минути. Извадете ги од водата и изгмечете ги или исецкајте ги со рачен миксер. Додадете мелени бадеми, шеќер, бисквити, цимет. Соединете сè за да добиете компактна смеса и направете топчиња. Извалкајте секое во сечкани бадеми.