Полски и сојузнички авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница. Борбените авиони беа мобилизирани, а копнениот систем за воздушна одбрана и радарскиот систем за извидување беа ставени во состојба на висока готовност, објави полската армија на платформата Икс. Полската армија посочи дека преземените мерки се со превентивен карактер и имаат за цел да го заштитат воздушниот простор, особено во областите во непосредна близина на загрозените региони.