Стефковски: Нема компромис со законот, од рано утрово се руши нова дивоградба (ВИДЕО)

Нема компромис со законот! Од рано утрово се руши нова дивоградба, порача градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. -Станува збор за објект кој се градеше бесправно, а во моментот на интервенцијата беше во приземје – карабина фаза. И покрај издадено решение од градежен инспектор, стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот продолжил со градежни активности, со што директно го прекрши Законот. Акцијата започна во 05:00 часот наутро, по претходна координација со МВР и фирмата задолжена за рушење, напиша тој. Дополнително, беше спречена изградба на уште два нови објекти, кои беа во почетна фаза – ископани темели, на истата локација, веднаш до објектот што се рушеше. -Во рок од само 7 дена, ова е втора акција за рушење на дивоградба! Апелирам до сите граѓани: почитувајте го Законот и не започнувајте со градење без соодветно Одобрение од општината. Компромис со почитување на Законот ниту сум правел, ниту ќе правам, вели Стефковски.