Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри првата таблета за слабеење, Вегови (Wegovy), создадена од данската фармацевтска компанија Ново нордиск. Таблетата се зема еднаш дневно и, според производителот, нуди ист ефект како и неделна Вегови инјекција. За разлика од други слични лекови, кои првенствено се наменети за дијабетес тип 2, овој нов изум од самиот почеток е создаден исклучиво за слабеење. Земајќи ги предвид направените испитувања, корисниците на овој фармацевтски новитет имаат просечно намалување на телесната тежина, што според извршниот директор Мајк Дустдар пациентите добиваат поедноставна и попрактична опција, со ист ефект како инјекцијата. Се очекува Вегови да стане достапна на американскиот пазар на почетокот на јануари 2026 година.