Се пишманија: Милан и Комо сепак нема да играат во Австралија СЕРИЈА А 2025/2026 Филип Здравески 23.12.2025 / 10:10 Фудбал Иако работата пред само неколку дена беше 99% завршена , натпреварот меѓу Милан и Комо од 24. коло на Серија А сепак нема да се игра во далечната Австралија. Преед неколку дена Еѕио Симонели, директорот на Серија А, и легендарниот судија Пјер Луиџи Колина дадоа гаранции дека шансите натпреварот да се игра во Перт, Австралија, се огромни. Сепак, дојде до пресврт откако АФЦ издала нови барања за организацијата на мечот, барања кои се неприфатливи за Серија А. Не се знаер кои се новите барања. Претходно Серија А, Милан и Комо се согласија на некои предизвикувачки услови, како што е изборот на судија, кој морало да биде од Азија. Се очекува официјално соопштение од Серија А. Овој натпревар не може да се игра на „Џузепе Меаца“ стадионот во Милано поради отворањето на Зимските олимписки игри. Милан сега ќе мора да бара нов стадион, а засега нема шпекулации за можните локации. Датумот на мечот е 8 февруари. Милан Комо Серија А Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On