Трамп: Ќе ја задржиме запленетата нафта, и бродовите

Трамп: Ќе ја задржиме запленетата нафта, и бродовите Филип Здравески 23.12.2025 / 09:55 Свет Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека танкерите за нафта запленети од САД покрај брегот на Венецуела ќе останат во посед на САД. На прашањето на новинарите за нафтата на првиот танкер запленет на 10 декември, Трамп рече: „Ќе ја задржиме“. Додаде дека нафтата може да се користи за стратешки резерви. „Исто така, задржуваме и бродови“, рече Трамп. Крајбрежната стража на САД заплени два танкера за нафта кај Карибите во декември, а медиумските извештаи велат дека трет брод, за кој се верува дека е дел од т.н. флота во сенка што ја користи Венецуела за заобиколување на санкциите, е под надзор од неделата. Минатата недела на Truth Social, Трамп објави дека ќе воведе „целосна и комплетна блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела“. Доналд Трамп Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off