Оваа француска салата е богата, и кремаста. Идеална е како предјадење или како прилог на свечена трпеза. Брзо се подготвува, а комбинацијата од сирење, павлака и ореви ѝ дава полн и изразен вкус. Состојки: 500 грама кравјо сирење 2 кисели павлаки (по 180 грама) 500 грама шунка 500 грама свежи краставици 300 грама сечкани ореви 2–3 чешниња лук Сол по вкус (внимавајте, бидејќи сирењето е веќе солено) Подготовка: Сирењето убаво изгмечете го со вилушка, па додајте ги киселите павлаки и добро измешајте додека да добиете кремаста смеса. Исечкајте ја шунката и свежите краставици на ситни коцки и додајте ги во смесата. Потоа додајте ги сечканите ореви и ситно исечканиот или изгмечен лук. Сѐ убаво измешајте. По желба, одозгора посипете уште малку сечкани ореви за декорација. Салатата е подготвена за послужување.