Хуманитарен настан за одбележување на 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Филип Здравески 23.12.2025 / 10:23 Култура Денеска во Кино „Фросина“ – МКЦ ќе се одржи хуманитарен настан по повод одбележување на јубилеј – 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Настанот ќе започне во 18:30 часот и е од хуманитарен карактер, а прибраните донации од истиот се предвидени за Интервентниот женски фонд наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина. Националната мрежа која во себе брои 25 организации членки, го одбележува јубилејот 15 години од своето основање и активна работа на препознавање и заштита на жените од родово базирано насилство вклучително и семејно насилство, фемицид како и застапување на интересите на жртвите. Донација кон Интервентниот женски фонд може да остварите преку купување на билет тука . насилство врз жени Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off