Бели ноќи во СДС, за црните дни кои следуваат…

Македонија и светот беа во тешка дилема. Сите нормални луѓе се прашуваа, аман, што се случува во СДС, чуму толку забегаа пустите? Дилемата беше повеќеслојна, резултат на нелогичното и дилетантско дејствување на раководството на направијата која до вчера беше партија. Веќе не е, дефинитивно. Сведена е на една хејтерска НВО која во описот и програмата има субверзивно делување и ширење теории на заговор. Целта не им била да дојдат на власт, туку да шират лажни вести и неспокој, немир кај Македонецот. Дури и тие, вечните северни оптимисти, биле свесни дека власта никогаш повеќе нема да ја помирисаат, ни оддалеку. И покрај се’ и покрај искуството кое народот го има со нив, и натаму се беше во некоја си магла, премногу нејасно и нелогично. Зошто, побогу, некој јавно би се самоубивал? Чуму ова естрадно-политичко харакири со тап нож пред сите? Кому му текна да се глупира со тоа мигрантите? Па сега со некаков си измислен атак врз слобода на говор? Претходеа оние мизерните црвени линии. Што ги ишмркаа по грешка, не виделе дека не се бели... И ТА-ДААААААМ! Наеднаш, на сите им стана јасно во што била заебанцијата, сите за две секунди сконтаа што се случува во СДС. Јасно ко бел ден. Ок, повеќе БЕЛ, отколку ден. Ден? Не, не е Дончев. Фрчко да ти бил. Башка БЕЛОТО, башка забеганите теми и луцидните теории на заговор... Кога Фрле Јуниор се појави зад Венкота како „ново лице“ на СДС и член на највисокототело –  Извршен одбор, сите здивнаа, се изнасмејаа и сфатија што е тоа што се случува во партијата на заминување кон историското буниште. Ете го изворот на нелогичното и инфантилно дејствување на и онака индолентниот и изгубен во просторот Филипче. Фрчковци да ти биле, во множина. И еден е премногу за менталната хигиена на здраворазумен човек, тек па двајца? Премногу за една држава, не па за една партија и просторија... Замислете ја целата таа навалица и сулуда комбинација на интернационализми кои прштат насекаде, та бело лета на сите страни, ароганција ко вруток на Нил, па онаа поплава од тапоглава самобендисаност, башка клоци и шамари со кои Сениорот од време-на веме чести жени и момчиња по паркинзи... Значи, стариот експерт за СДС демагогија на Венко му ги пишува глупоштиите, темите и тезите, а младиот експерт за психотропни супстанци го „фура“ и „дига“ со своите општопознати помагала. И искрено, колку треба да си тарабука за да на новинарско прашање околу твоето ступидно шмркање кока по бироа (на работа или во СДС, сеедно) се вадиш дека си бил млад, што се познавало по тоа што (ни повеќе ни помалку) на сликите си слаб?!?! Очебијно, ја промашил утринската рецептура ајванот. А сликата каде си слаб, толку топ. Една слика, илјада зборови. Нема подобар приказ за декаденцијата, аздисот и забеганоста на СДС. Фрчковци на ова би рекле, еклатантен егзампл, пример де  J Проблемот е што во СДС се буквалисти. По црнилата кои Заевци, Тачевци и Филипчевци и ги навасаа на Макеоднија, не сфатиле дека не можат со бели линии да си го обелат образот. Не оди тоа така. Може да им ја намали душевната болка од серијата порази на секое поле и губењето на власта, ама образ бело не бели, јанлаш сте „нови“ дечки. Ќе ви го обели само носот, и тоа моментално... Имам чувство дека некој опасно ги зеза суртуците од Бихаќка. Чувството за мирис (кое тие го немаат заради акутната конзумација на „белото“) нас не’ води кон реата која го обвива финансиерот и лидерот во сенка на актуелната смејурија од врхушка, трагикомичен лик  кој веќе една деценија си ја има киднапирано партијата. Мислам дека, дефинитивно, оној ајвароносецот од Горњи Милановац ги работи како бавчи. Сега им наложил да го натопорат Фрле Јуниор во први борбени редови, а стариот копук солено го плаќа да измислува што поглупави и позабегани наративи. Венко, пак, го мести да ги чиста истите тие зезалици по прес конференции и да ги коментира по емисии. А му се гледа на Фичо, од авион, дека едвај ги исплукува тоа зборовите, арно ама „вежи коња где ти газда каже“. А газдата да ти бил црпнат, од нива. Веројатно, патолошкиот лажго Муртинхаузен не сака да биде запаметен како најтупавиот и ултра-најзевзек политичар во Македонија, па сега на дистанца од Дубаи (затоа што знае дека тука каде и да е ќе „засвири клавирче“) ги мести и подонаквува пулените во паријата, се’ со цел да ја засенат неговата белсакава кариера на правење идиотски глупости и рекорди во тресење зелени „сто на саат“. А тие пустите гилиптари, играат ли играат по нотите на Зоќе, оком-скоком  извршуваат се’ што ќе им наложи солено платениот сценарист Фрле Сениор, наместен од Зајко да си игра онаквото со шупелките од апртијата. И си шмркаат од то белото на Јуниорот, за да ги отргнат црните мисли за она што, неминовно, ги очекува. Којзнае само колку им се смее ќелепурот од Дубаи, заради кој ѓаволот одамна ја однесе шегата од Македонија. Месециве, ја однесе и од СДС, а тек ќе ја носи во 2026-та, заедно со слободата на многумина од врхушката на тендер-коалицијата СДС/ДУИ. Знаат шајшутките, затоа е и оваа драма за визибилност, сакаат да бидат видливи по секоја цена, па макар и во порно филм глумеле, само да ги има. Да не ги заборавиме... За да после глумат дека не се затворени поради милионски криминал, јок, туку дека се некакви „политички“ затвореници и жртви на „режимот“. Стара, комуњарска финта, но за нивна жал, нови будали во Македонија, одамна нема. Аирлија БЕЛИТЕ НОЌИ на Бихаќка, шмркајте додека можете од иљачот на Јон, наскоро ќе шмрчкате во зандани, спроведувајќи ги обуките на Сокол, експертот за чување на задник во Шутка... Онаа „старата“ вели: Ако твоето куче те лае, некој друг го храни. И така, лаеа со години, со децении по своето, по исконското, по идентитетското, по Македонија. Таксиратот настана кога „другиот“ престана да ги храни. И така, си дојде времето да се јадат меѓу себе. Набавете поголема количина пуканки, залегнете и уживајте во дејанијата кои следуваат, ќе имало многу цепки и евтини перипетии, а пердуви ќе летале на сите страни. Заслужено, за сите пари...