На ден 22.12.2025 година се одржа новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули. Покрај членовите на клубот – почесните конзули на странски држави во Македонија, на настанот присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој ја нагласи значајната улога која ја имаат почесните конзули во одржувањето на севкупните односи помеѓу земјите кои ги претставуваат и Р. Македонија. Притоа, министерот Муцунски уште еднаш ја реафирмираше својата поддршка и поддршката на институцијата со која раководи – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за клубот и неговите членови. На настанот свои кратки обраќања имаа и претседателот на клубот, Ајдован Адемоски – почесен конзул на Турција, како и генералниот секретар на клубот, Марко Андонов – почесен конзул на Грузија. Притоа, беа истакнати активностите и достигнувањата на клубот во тековната година, акцентирајќи го приемот на Клубот на почесни конзули како полноправна членка на FICAC – меѓународната федерација на почесни конзули, како и дел од активностите кои се планирани да се реализираат во текот на 2026 година.