Дел од Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 24.12.2025 година (среда) поради промена на вентил на кеј 13 – ти Ноември б.б - објект на Комерцијална Банка, без вода ќе останат дел од корисниците од ул. 13 - ти Ноември во општина Центар. Прекинот на водоснабдувањето ќе трае во периодот од 09: 00 часот па се до завршување на работата.