Седлоски официјално претставен: За репрезентацијата мора да се дава надмаксимум

Седлоски официјално претставен: За репрезентацијата мора да се дава надмаксимум Филип Здравески 23.12.2025 / 11:56 Фудбал Откако вчера ФФМ објави дека Гоце Седлоски е нов селектор, денеска се одржа и негово официјално претставување во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Фото: Филип Здравески „Седлоски го знам многу одамна, имаме многу играно заедно. Тој е млад тренер, верувам во него и се надевам дека ќе направи голем успех во репрезентацијата“, рече Горан Пандев, кој присуствуваше на презентацијата. „За мене ова е голема чест, но и голема одговорност, веројатно најголема во мојата кариера. Нашата цел ќе биде да изградиме јасен систем на игра, дисциплина, карактер. Ќе барам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар. Тим што ќе се бори до последната минута. Убеден сум дека ФФМ ќе ни обезбеди најдобри услови за работа. За репрезентацијата мора да се дава надмаксимум, повеќе отколку во клубовите“, беа првите зборови на Седлоски како селектор. Седлоски ќе има тешко деби - ќе дибитира директно на мундијалскиот бараж против Данска на гостински терен. „Ги познавам сите играчи што беа во репрезентацуиајта. ќе има и освежувања. Секој што заслужива да го носи репрезентативниот дрес ќе биде повикан. Со Данска ќе барам секој да даде над просекот и со дисциплинирана игра да ја оствариме целта. Ќе биде тежок натпревар на гостински терен, но како за нас, така и за нив.“ На тоа се надоврза и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ: „Ако не верувавме во нашиот избор, немаше ни да го правиме. Апсолутно веруваме дека можеме да ја елиминираме Данска. Ако некој не верува во такво нешто не треба ни да се качува на авионот за Копенхаген. Како што сите останати веруваат во себе, така и ние мора да почнеме максимално да веруваме во смаите себе.“ Седлоски додаде дека и во македонскста лига има играчи што играта стандардно и што можат да ја зголемат конкуренцијата во репрезентацијата. „Не треба да си ја потценуваме домашната лига. Ќе најстојувам 4 до 5 играчи да бидат од нашата лига во секој состав“, рече тој и додаде дека ќе зборува и со поранешните репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, околу нивно можно враќање во националниот тим. Во стручниот штаб на Седлоски ќе бидат Борче Христов, Гого Јовчев како тренер на голмани и Ерхан Селими кој е селектор на репрезентацијата до 19 години. Претседателот Омерагиќ напомена дека Седлоски до јуни ќе работи про боно, бидејќи до тогаш репрезентативни обврски има само во март. „Не сакаме да му наштетиме на ниту еден клуб, како што претходно направивме и со У21 селекторот. Седлоски ќе ја заврши сезоната во својот клуб.“ Гоце Седлоски Македонија фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On