Хутите и јеменската Влада се договорија за размена на речиси 3.000 затвореници

Јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран, и меѓународно признатата јеменска Влада постигнаа договор за размена на затвореници во кој ќе учествуваат речиси 3.000 лица, објавија денеска претставници од двете страни. Член на владината преговарачка делегација за размена на затвореници, Маџед Фадаил, изјави дека е постигнат договор со Хутите за нова размена во која ќе бидат ослободени „илјадници“ воени затвореници, пишува Ал Арабија нет. Од друга страна, претставникот на делегацијата на Хутите, Абдулкадер ел-Мортада, во објава на социјалната мрежа X изјави дека „денеска е потпишан договор со другата страна за спроведување на голема размена на затвореници, што вклучува ослободување на 1.700 наши затвореници во замена за 1.200 нивни“.