Русија го смета за охрабрувачки изборот на новиот генерален директор на УНЕСКО, Халед Ел Анани, кој вети дека ќе ја реформира организацијата, првенствено преку деполитизација, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. „За време на изборната кампања, тој се залагаше за реформа на УНЕСКО, првенствено преку деполитизација на нејзините активности. Поточно, реформирање на тоа што францускиот генерален директор, кој ја имаше оваа позиција пред нашиот египетски колега, и го донесе на организацијата“, рече Лавров, говорејќи на состанокот на Комисијата на Руската Федерација за УНЕСКО, пренесуваат руските медиуми. Според рускиот министер, Москва, исто така, ја поздравува „заложбата на новиот генерален директор за зајакнување на улогата на земјите-членки во управувањето со организацијата и обезбедувањето финансиска транспарентност и одговорност“. Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) во ноември го избра поранешниот египетски министер за туризам и антиквитети, Халед Ел-Анани, за свој нов генерален директор.