Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице

На 23.12.2025 во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Текстот Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, уапсено едно лице е превземен од МАКФАКС .